ИЗВЕСТУВАЊЕ во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот

Почитувани,

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ, согласно Одлуките на Владата на РСМ, во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот, во затворениот Зелен Пазар СЕ МОЛАТ да се придржуваат на следното:

– Продавачите да стојат исклучиво на своето продажно место да нема групирање и да носат заштитни маски и ракавици со цел зачувување на здравјето на сите.
-Потрошувачите, затворениот Зелен Пазар исклучиво да го користат за снабдување на неопходни потреби, без подолго да се задржуваат во истиот со цел да не се прави гужва.

Доколку не се почитуваат мерките, ЈП Градски Пазар е спремен да превземе дополнителни мерки за заштита, со редуцирање на протокот на луѓе (ограничување на влез-излез) внатре во затворениот Зелен Пазар.

Ве молиме за почитување на Мерките за превенција од ширење на Корона Вирусот.

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ, по завршување на работното време во Затворениот Зелен Пазар согласно Одлуките на Владата на РСМ, во врска со превземање на дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Корона Вирусот ќе се врши целосна дезинфекција,дезинсекција и дератизација од страна на Центарот за јавно здравје Охрид.

Ве молиме робата која ја имате да не биде изложена, односно целосно да се испразнети продажните места-тезги, на нив да нема прехрабени производи.

Со почит,

ЈП Градски Пазар Охрид