Велигденски Базар 2019

Се одржа традиционалниот, шести по ред Велигденски Базар,на кој учество зедоа голем број домашни продавачи и производители на традиционални јадења, сувенири, рачни изработки…
Благодарност до в.д. Градоначалникот Константин Георгиевки, кој присуствуваше на Базарот и ги поздрави сите присутни учесници и гости.
Посебна благодарност до детското хорче ,,Весели бисерчиња,, кои со својата ,,Велигденска песна,, го означија почетокот на оваа наша празнична манифестација, која продолжи со прекрасните настапи на ФА ,,Бисери,, од Охрид и настапите на дечињата од детската градинка Јасна Ристеска и дечињата од основните училишта во градов.