ОГЛАС за изнајмување на тезги за Новогодишните и Божиќните празници

По повод Новогодишните и Божиќните празници, ЈП Градски Пазар Охрид издава под закуп тезги за продажба на Новогодишни украси на плоштадот Крушевска Република (кај Стариот Чинар).

Лицата заинтересирани за изнајмување на тезгите треба да се пријават најдоцна до 25.11.2018 год. во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид.

Дополнителни информации можат да се добијат во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид на Бул.Туристичка бр.79 или на тел. 046 266 600