ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Врз основа на член 22 став 1 точка 1 и 2, член 23 од Законот за работни односи и член 5 од Колективниот договор на Јавното претпријатие за управување со пазари на големо и мало Градски Пазар Охрид, Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид го објавува следниот:

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04-447/1

За пополнување на работно место на неопределено време на помошно технички персонал

ЈП Градски Пазар Охрид има потреба од :

Бравар заварувач- 1 (еден ) извршител

  1. Реден број, шифра и назив на работно место:
  2. КДР 0401 А01 098 –Бравар заварувач-1 (еден ) извршител

 

Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место

Посебни услови:

-Стручни квалификации:

-ниво на квалификации IV, , 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование,

-или ниво квалификации III, 180кредити ЕЦВЕТ или тригодишносредно образование,

Работно искуство: две години;

Распоред на работно време: понеделник-петок

Работно време: 07:00 до 15:00 часот

Паричен нето износ на плата: 13.687.00 денари , плус додаток на минат труд по 0,5% за секоја година работен стаж

За исполнување на горенаведените општи и посебни услови, кандидатите се должни да достават и соодветни докази во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

-Пополнета пријава објавена на веб страната на ЈП Градски ПАзар Охрид

-кратка биографија со задолжително наведен контакт телефон и адреса

-Уверение за државјанство

-Извод од матична книга на родени

-Потврда за работно искуство кое се бара за работното место

-Лекарско уверение за општа здравствена способност (не постаро од 6 месеци)

Огласот трае 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во три дневни весници, од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.

Постапката за селекција за вработување на помошно технички  персонал во претпријатието се состои од проверка на внесените податоци во пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас, проверка на приложените докази во пријавата и интервју.

НАПОМЕНА: Согласно Годишниот План за вработување за 2018 година, вработувањето е предвидено за Македонци.

Заинтересираните кандидати пријавите со потребните документи да ги непосредно до архивата на ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПАЗАРИ НА ГОЛЕМО И МАЛО ГРАДСКИ ПАЗАР Охрид, Бул. Туристичка бр. 79 Охрид или по пошта, со назнака „ЗА ОГЛАС″ во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот.

Ненавремено доставените и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.

Кликнете да ја преземете ПРИЈАВАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ