ТЕНДЕР ЗА ПОГОНСКО ГОРИВО

Почитувани,

Договорниот орган  ЈП Градски Пазар Охрид, Булевар Туристичка 79 тел. 046/ 266 600, електронска адреса, jpgradskipazar@yahoo.com  има потреба од набавка на Погонско гориво.

За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги со оглас за барање за прибирање на понуди, во согласност со член 100 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 79/16 и 120/16 за што објави оглас број 7-2018.

Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка исклучиво преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот “Економски оператори”.

Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, изјава за сериозност на понудата , изјава за независна понуда и образец на понудата.

Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат[1]. Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.

[1] Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.

За детални информации кликнете на линкот

PDF – 7/2018 ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА – ПОГОНСКО ГОРИВО