Ново зелено пазарче на ул.Сирма Војвода

Поттикнати од идејата за овозможување на подобри услови како на купувачите на земјоделски производи така и на продавачите на истите низ градов, направивме ново зелено пазарче на ул.„Сирма Војвода“ бр. 7 кое започна со работа на 01.06.2018 година, со капацитет од 30 тезги. Ги обезбедивме сите неопходни услови потребни за нормално функционирање на пазарот. Наскоро ќе биде отворен и кванташки пазар во непосредна близина на ова пазарче. По скоро утврдување на нови локации низ градов, се преземаат активности и за брзо отварање на нови дисперзирани мали пазарчиња.