ЈП „Градски пазар“ со нов распоред на тезгите и подобри услови за работа на закупците

Од ЈП „Градски пазар“ – Охрид преземаат активности за подобрување на условите за работа на закупците на тезги во пазарот.

Една од активностите е и новиот распоред на тезгите по стандарди кои се пропишани во законот за Зелени пазари и реконструкцијата на кровната површина на која се поставени тенди, со цел да се подобрат условите за продажба и непречено одвивање на работата на закупците.

– Целокупната површина на Зелениот пазар е оградена и отворени се нови врати на повеќе места во пазарот со цел сите закупци да бидат рамноправни при пласманот на нивните производи. Исто така зголемено е и нивото на хигиена во пазарот, информираат од ова Јавно претпријатие.